Favor.it EC 540 SFT User manual

Самостоен шпорет / Упатство за корисници
МК
EC 540 SFT
EC 540 WWFT
Free Standing Cooker / User Manual
EN
SQ Stufë e pavarur/Doracak i përdorimit
SR Samostojeći šporet / Uputstvo za upotrebu

МК - 2
Ризик од сериозна повреда или смрт
Ризик од опасен напон
Предупредување; Ризик од пожар / запаливи материјали
Ризик од повреда или оштетување на имот
Правилно ракување со системот
Ова Упатство за корисници содржи важни безбедносни информации и упатства за
работа со и одржување на Вашиот апарат.
Ви препорачуваме да го прочитате ова Упатство за корисници пред да го користите
Вашиот апарат и да го чувате упатството за понатамошна употреба.

1.БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ............................................................................................ 4
1.1 Општи безбедносни предупредувања......................................................................... 4
1.2 Предупредувања за монтирање .................................................................................. 7
1.3 Во текот на употребата ................................................................................................. 8
1.4 Во текот на чистењето и одржувањето ....................................................................... 9
2.МОНТИРАЊЕ И ПОДГОТОВКА ЗА УПОТРЕБА ...........................................................11
2.1 Упатства за инсталатер ...............................................................................................11
2.2 Електрично поврзување и безбедност ...................................................................... 12
2.3 Комплет против закосување ...................................................................................... 13
2.4 Приспособување на ногалките .................................................................................. 13
3.КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРОИЗВОДОТ ........................................................................ 14
4.УПОТРЕБА НА ПРОИЗВОДОТ ..................................................................................... 15
4.1 Контроли на плочата .................................................................................................. 15
4.2 Контроли на рерната .................................................................................................. 15
4.3 Маса за готвење ......................................................................................................... 16
4.4 Додатоци ..................................................................................................................... 16
5.ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ .......................................................................................... 17
5.1 Чистење ....................................................................................................................... 17
5.2 Одржување .................................................................................................................. 18
6.РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ И ТРАНСПОРТ.................................................................... 19
6.1 Решавање проблеми .................................................................................................. 19
6.2 Транспорт .................................................................................................................... 19
7.ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ ...................................................................................... 20
7.1 Енергија ....................................................................................................................... 20

МК - 4
• Пред употреба на апаратот внимателно
прочитајте ги овие упатства и чувајте ги на
соодветно место за да ги прочитате кога ќе има
потреба.
• Овој прирачник е изготвен за повеќе модели,
затоа Вашиот апарат можеби нема да има некоја
од опишаните карактеристики. Од таа причина,
важно е да обрнете посебно внимание на
сликите додека го читате прирачникот.
• Овој апарат може да го користат деца на и над
возраст од 8 години, како и лица со намалена
физичка, сетилна или ментална способност или
со недостиг на искуство и познавање, ако се под
надзор и се упатени за користење на апаратот на
безбеден начин, и ги разбираат потенцијалните
опасности. Деца не смеат да си играат со
апаратот. Деца без надзор не смеат да го чистат
или одржуваат апаратот.
Апаратот и достапните
делови се вжештуваат во текот на употребата.
Треба да внимавате да не ги допирате елементите
кои се загреваат. Деца помали од 8 години треба
да се држат настрана освен ако не се под постојан
надзор.
Готвење на плочата со
маст или масло и без надзор може да биде опасно
и да предизвика пожар. НИКОГАШ не обидувајте
се да изгаснете таков оган со вода, туку исклучете
го апаратот и покријте го пламенот со капак или
противпожарно ќебе.

МК - 5
Готвењето треба да се врши под
надзор. Краткотрајното готвење треба да биде под
постојан надзор.
Опасност од пожар: Не
ставајте предмети на површините за готвење.
Ако површината е
напукната, исклучете го апаратот за да ја избегнете
можноста од електричен удар.
• За моделите кои вклучуваат капак за плочата,
исчистете ги сите истурања на храна од капакот
пред употреба и оставете го шпоретот да се
излади пред да го затворите капакот.
• Не ракувајте со апаратот со надворешен тајмер
или посебен систем за далечинска контрола.
За апаратот да биде
стабилен, треба да се
монтираат држачи. (За
детални информации,
погледнете во водичот од комплетот против
закосување.)
• Апаратот ќе се загрее во текот на употребата.
Треба да внимавате да не ги допирате
елементите во рерната кои се загреваат.
• Во текот на употребата, рачките може да се
вжештат за краток временски период.
• Не употребувајте јаки абразивни чистачи или
жици за чистење на површините во рерната. Тие
може да ги изгребат површините што може да
резултира со кршење на стаклото на вратата или
оштетување на површините.

МК - 6
• Не користете чистачи на пареа за чистење на
апаратот.
Пред да ја менувате
светилката проверете дали апаратот е исклучен за
да избегнете можност од електрични удари.
Кога готвите или печете,
достапните делови може да бидат жешки. Кога го
користите апаратот, малите деца треба да бидат
понастрана од него.
• Производот е произведен во согласност со сите
важечки локални и меѓународни стандарди и
прописи.
• Одржување и поправка на апаратот треба да
вршат само овластени техничари. Монтирањето
и поправките што ги вршат неовластени
техничари може да бидат опасни. Не менувајте
ги спецификациите за производот на кој било
начин. Несоодветните штитници за плоча може
да предизвикаат незгоди.
• Пред поврзување на уредот, проверете дали
локалните услови на дистрибуцијата (природата
и притисокот на плинот или напонот на струјата и
фреквенцијата) и спецификациите за производот
се компатибилни. Спецификациите за овој
апарат се наведени на етикетата.
Овој апарат е дизајниран само за
готвење храна и е наменет само за внатрешна
употреба во домаќинствата. Не треба да се
користи за ниедна друга цел или со никаква друга
примена, како што е употреба во надворешни
услови, во комерцијална средина или за загревање
на просторија.
• Рачките на вратата на рерната не треба да ги
користите за кревање или местење на апаратот.

МК - 7
• Сите можни безбедносни мерки се преземени
за Ваша безбедност. Бидејќи стаклото може да
се скрши, треба да бидете внимателни додека
чистите за да избегнете гребење. Избегнувајте
да го удирате или чукате стаклото со предмети.
• Внимавајте да не го заглавите или оштетите
кабелот за напојување за време на монтирањето.
Ако кабелот за напојување е оштетен, мора да
биде заменет од производителот, негов сервисер
или слични квалификувани лица, со цел да се
спречи опасност.
• Не дозволувајте им на децата да се качуваат
на вратата од рерната или да седнуваат на неа
додека е отворена.
• Чувајте ги децата и животните понастрана од
овој апарат.
• Не ракувајте со апаратот пред целосно да биде
монтиран.
• Апаратот мора да биде монтиран од овластен
техничар. Производителот не е одговорен за
никакви оштетувања што се предизвикани од
погрешно поставување и монтирање на апаратот
од страна на неовластени лица.
• Кога ќе го отпакувате апаратот, проверете дали
е оштетен при транспортот. Во случај на дефект,
не користете го апаратот и веднаш контактирајте
со квалификуван сервисер. Материјалите кои
се користени за пакување (најлон, спојувалки,
полистирен итн.) може да бидат штетни за
децата и истите треба веднаш да се соберат и
фрлат.
• Заштитете го апаратот од надворешната

МК - 8
средина. Не изложувајте го на сонце, дожд, снег,
прашина или прекумерна влажност.
• Материјалите околу апаратот (т.е. плакарите)
треба да издржат минимална температура од
100°C.
• Апаратот не смее да се монтира зад декоративна
врата со цел да се избегне прегревање.
• Првиот пат кога ќе ја користите рерната може да
забележите слаба миризба. Тоа е нормално и е
предизвикано од материјалите за изолација на
елементите за греење. Ние Ви предлагаме, пред
да ја користите рерната прв пат, да ја оставите
празна и вклучена 45 минути на максимална
температура. Погрижете се просторијата во
која е монтиран производот да биде добро
проветрена.
• Внимавајте кога ја отворате вратата на рерната
за време на и по готвење. Жешката пареа од
рерната може да предизвика изгореници.
• Додека апаратот работи, не ставајте запаливи
материjали во или близу до него.
• Секогаш употребувајте ракавица за рерна за да
вадите или менувате храна во рерната.
• Под никакви околности рерната не треба да биде
обложена со алуминиумска фолија бидејќи може
да се појави прегревање.
• Не ставајте садови или тави за печење директно
на основата на рерната додека готвите. Основата
може да стане премногу жешка и може да се
појави оштетување на производот.
Не оставајте го шпоретот без надзор кога
готвите со масла во тврда или течна состојба. Тие

МК - 9
може да се запалат во услови на прегревање.
Никогаш не истурајте вода на пламен предизвикан
од масло туку исклучете го шпоретот и покријте ја
тавата со нејзиниот капак или противпожарно ќебе.
• Секогаш поставувајте ги тавите во центарот
на зоната за готвење и свртете ги рачките во
безбедна позиција за да не може да ги турнете.
• Ако не го користите производот подолго време,
исклучете го главниот контролен прекинувач.
Исклучете го вентилот за плин кога не го
користите апаратот.
• Погрижете се контролните копчиња на апаратот
да бидат секогаш на позиција „0“ (стоп) кога не го
користите апаратот.
• Кога ги извлекувате тавите од рерна, тие се
закосуваат. Внимавајте да не истурите или
испуштите жешка храна кога ја вадите од
рерната.
• Не оставајте ништо на вратата на рерната кога
е отворена. Тоа може да ја извади рерната од
рамнотежа или да ја оштети вратата.
• Не оставајте тешки или запаливи предмети (на
пр. најлон, пластични кеси, хартија, ткаенина
итн.) во фиоката. Тоа вклучува и садови за
готвење со пластични делови (на пр. рачки).
Внатрешната површина на
преградата за складирање може да се вжешти кога
апаратот е во употреба. Избегнувајте да ја
допирате внатрешната површина.
• Не закачувајте крпи, крпи за миење садови или
облека на апаратот или неговите рачки.
• Погрижете се апаратот да биде исклучен од
струја пред да извршите какво било чистење или
одржување.

МК - 10
• Не вадете ги контролните копчиња за да ја
исчистите контролната табла.
• За одржување на ефикасноста и безбедноста на
апаратот, препорачуваме секогаш да користите
оригинални резервни делови и да се јавите кај
наши овластени сервисери кога ќе има потреба.
Изјавуваме дека нашите производи ги
исполнуваат важечките европски
директиви, одлуки и регулативи, како и
барањата наведени во посочените
стандарди.
Овoj апарат е дизајниран да се користи само
за готвење во домашни услови. Секоја друга
употреба (како што е загревање на просторија) е
несоодветна и опасна.
Упатствата за ракување со апаратот се
однесуваат на неколку модели. Можеби ќе
забележите разлики помеѓу овие упатства и
вашиот модел.

МК - 11
Овој апарат
мора да го монтира овластен
сервисер или квалификуван
техничар, согласно упатствата во овој
водич и во согласност со тековните
локални прописи.
• Неправилно монтирање може да
предизвика повреда и оштетување за
коишто производителот не презема
одговорност и за коишто нема да
важи гаранцијата.
• Пред монтирањето, проверете дали
локалните услови на дистрибуција
(напонот на струјата и фреквенцијата
и/или природата и притисокот
на плинот) и приспособувањата
на производот се компатибилни.
Условите за приспособување на овој
апарат се посочени на етикетата.
• Треба да се почитуваат законите,
уредбите, директивите и стандардите
кои се на сила во земјата на употреба
(безбедносни регулативи, соодветно
рециклирање во согласност со
регулативите итн.).
• Доколку производот содржи водилки
на полици што може да се вадат
(решетки) и упатството за корисникот
вклучува рецепти како кисело млеко,
решетките може да се отстранат и
рерната ќе работи во дефинираниот
режим на готвење. Информациите
за отстранување на решетката се
вклучени во делот ЧИСТЕЊЕ И
ОДРЖУВАЊЕ.
• Откако ќе го извадите материјалот
за пакување од апаратот и
дополнителните делови, проверете
дали е оштетен апаратот. Ако се
сомневате дека има каква било
штета, не користете го апаратот и
веднаш контактирајте со овластен
сервисер или квалификуван
електричар.
• Погрижете се да нема запаливи
материјали во непосредна близина,
како завеси, масло, ткаенина итн.,
кои може да се запалат.
• Работната површина и мебелот кој
се наоѓа околу апаратот мора да
бидат направени од материјали кои
се отпорни на температури повисоки
од 100°C.
• Апаратот не треба да се монтира
директно над машина за миење
садови, фрижидер, замрзнувач,
машина за перење алишта или
машина за сушење алишта.
• Апаратот може да се постави во
близина на друг мебел, под услов,
во просторот каде што апаратот е
поставен, висината на мебелот да не
ја надминува висината на плочата за
готвење.
• Ако мебелот во кујната е повисок
од плочата за готвење, тој мора да
биде оддалечен најмалку 10 cm од
страните на апаратот за да може
воздухот да струи.
• Ако треба да се монтира аспиратор
или кујнски елемент над апаратот,
безбедното растојание помеѓу
плочата за готвење и кој било кујнски
елемент/аспиратор треба да биде
како што е покажано подолу.
A (mm) Кујнски елемент 420
Б (mm) Аспиратор на шпоретот 650/700
C (mm) Ширина на
производот
D (mm) 50

МК - 12
CD
Електричното
поврзување на овој апарат треба да
го изведе овластен сервисер или
квалификуван електричар во согласност
со упатствата во овој водич и во
согласност со тековните локални
прописи.
• Пред да го поврзете апаратот
на струја, мора да проверите
дали номиналниот напон на
апаратот (испечатен на плочката
за идентификација на апаратот) е
соодветен со напонот на мрежата за
напојување, а жиците за струја треба
да имаат капацитет да ги поднесат
номиналните вредности на апаратот
(исто така наведени на плочката за
идентификација).
• За време на инсталацијата
задолжително треба да користите
изолирани кабли. Неправилно
поврзување може да го оштети
апаратот. Ако кабелот за напојување
е оштетен и треба да се замени, тоа
треба да го направи квалификувано
лице.
• Не користете адаптери, повеќекратни
приклучоци и/или продолжни кабли.
• Кабелот треба да се чува подалеку
од жешките делови на апаратот и не
смее да се свиткува или притиска.
Во спротивно, кабелот може да се
оштети и да настане краток спој.
• Ако апаратот не е поврзан на струја
со приклучок, мора да се користи
мултиполарен изолатор (со најмалку
3 mm простор за контакт) за да се
почитуваат безбедносните прописи.
• Апаратот е дизајниран за напојување
со струја од 220-240 V~.380-415 3N~
. Ако вашето напојување е различно,
контактирајте со овластен сервисер
или квалификуван електричар.
• Кабелот за струја (H05VV-F) мора да
биде доволно долг за да се поврзе на
апаратот.
• Осигурувачот мора да биде лесно
достапен откако ќе се монтира
апаратот.
• Осигурете се дека сите поврзувања
се добро затегнати.
• Прицврстете го кабелот за
напојување во стегачот за кабел и
затворете го капакот.
• Поврзувањето на кутијата со
терминали е поставено на кутијата со
терминали.
NN PE
PE
L1 L
5 5
11

МК - 13
1
Кесата со документи
содржи комплет против закосување.
Лабаво закачете го држачот против
закосување (1) на ѕидот со употреба
на шрафот (2) и навртката за ѕид
(3), а притоа следете ги мерките
покажани на сликата и табелата подолу.
Приспособете ја висината на држачот
против закосување така што да биде
во линија со отворот за вентилација
на шпоретот и затегнете го шрафот.
Поттурнете го апаратот кон ѕидот за
држачот против закосување да се вметне
во отворот за вентилација од задната
страна на апаратот.
60x60x90 (Двојна рерна) 297,5 52
50x60x90 (Двојна рерна) 247,5 52
90x60x85 430 107
60x60x90 309,5 112
60x60x85 309,5 64
50x60x90 247,5 112
50x60x85 247,5 64
50x50x90 247,5 112
50x50x85 247,5 64
Производот стои на четири
приспособливи ногалки. За безбедно
ракување, важно е апаратот да биде
правилно поставен. Пред готвење,
погрижете се апаратот да биде
нивелиран. За да ја зголемите висината
на апаратот, вртете ги ногалките во
насока спротивна од насоката на
движење на стрелките на часовникот.
За да ја намалите висината на апаратот,
вртете ги ногалките во насока на
движењето на стрелките на часовникот.
Со приспособување на ногалките може
да го подигнете апаратот до 30 mm.
Апаратот е тежок и затоа препорачуваме
да го креваат најмалку 2 лица. Никогаш
не влечете го апаратот.

МК - 14
Спецификациите за овој производ се разликуваат и изгледот на Вашиот
апарат може да се разликува од оној покажан на сликите подолу.
1
5
Површина за готвење
Контролна табла
Рачка на вратата на рерната
Врата на рерната
Ногалка која може да се приспособува
Копче за контрола на функциите на рерната
Копче за термостат на рерната
Контролно копче за плоча
678

МК - 15
Ринглата се контролира со копче кое има
6 позиции.
Со ринглата може да ракувате со
свртување на контролното копче во една
од овие позиции. До секое контролно
копче за плочата има мал симбол
кој покажува која рингла може да се
контролира со тоа копче. Сијаличката
за вклучено/исклучено на контролната
табла покажува кои рингли се во
употреба.
0Позиција „Off“ за исклучување
1За топење путер итн. и за
затоплување на мали количества
течност
За затоплување поголеми количества
течност За подготвување кремови и
сосови
За одмрзнување храна за готвење
За готвење деликатни меса и риба
5За пржење месо и стекови
6За вриење големи количества течност
и за пржење
• Кога за првпат работите со ринглата
или секогаш кога не била користена
подолг период, треба време да
се елиминира влажноста што се
акумулирала околу електричните
елементи на ринглата. За да го
направите тоа, користете ја ринглата
на најниска температура околу 20
минути.
• Никогаш не вклучувајте ја ринглата
без да има сад на неа. Во спротивно,
може да се појават дефекти на
површината за готвење.
• Употребувајте само садови со рамно
дно и дебела подлога.
• Проверете дали дното на садот е
суво пред да го ставите на ринглата.
• Кога ринглата е вклучена, проверете
дали садот е правилно поставен во
центарот.
• Никогаш не употребувајте сад со
помал или поголем дијаметар од
дијаметарот на ринглата, бидејќи така
се троши енергија.
• Ако е можно, секогаш ставајте капаци
на садовите за да избегнете загуба на
топлина.
• Температурата на достапните делови
е висока кога производот работи.
Задолжително е децата и животните
да се чуваат настрана од плочата за
време на употреба и додека целосно
не се излади по употреба.
• Во случај да забележите каква била
пукнатина на површината за готвење,
треба веднаш да ја исклучите и да
повикате овластен сервис за да ја
замени.
Свртете го копчето до соодветниот
симбол за посакуваната функција за
готвење. За повеќе детали за различни
функции, погледнете во „Функции на
рерна“.

МК - 16
Откако ќе изберете функција за готвење,
свртете го ова копче за да ја поставите
посакуваната температура. Сијаличката
на термостатот на рерната ќе засвети
секогаш кога термостатот работи за да
ја загрее рерната или за да ја одржува
температурата.Функции на рерната
* Функциите на рерната може да
се разликуваат заради моделот на
производот.
Термостатот на
рерната и сијаличките
за предупредување
ќе се вклучат,
долните и горните
грејачи ќе започнат
да работат. Функцијата за статично
готвење испушта топлина со што се
обезбедува рамномерно готвење на
храната. Ова е совршено за
приготвување на печива, торти, печени
тестенини, лазања и пица. Се
препорачува рерната прво да се загрева
10 минути и најдобро е да се готви само
на една полица во оваа функција.
Термостатот
на рерната и
сијаличките за
предупредување ќе
се вклучат и долниот
грејач ќе започне да
работи. Функцијата на
долен грејач е совршена за загревање
пица, бидејќи топлината доаѓа од дното
на рерната и ја загрева храната. Оваа
функција е соодветна за загревање на
храната наместо готвење.
Термостатот
на рерната и
сијаличките за
предупредување ќе
се вклучат и горниот
грејач ќе започне да
работи. Топлината
која доаѓа од горниот грејач ќе ја загрева
горната страна на храната во рерната.
Оваа функција е идеална за запржување
на горната страна на веќе зготвена храна
и за загревање на храната.
Лиснато тесто 1 - 2 170-190 35-45
Торта 1 - 2 170-190 30-40
Колачи 1 - 2 170-190 30-40
Вариво 2 175-200 40-50
Пиле 1 - 2 200 45-60
Плитката тава се користи за печење
печива.
Ставете ја тавата на која било полица и
турнете ја до крај за да бидете сигурни
дека е правилно наместена.
Решетката се користи за печење како
на скара или за обработка на храна во
садови соодветни за во рерна.
Ставете ја решетката во
соодветниот држач во рерната и турнете
ја до крај.

МК - 17
Пред
чистење, исклучете го апаратот и
оставете го да се излади.
• Пред да ги употребите средствата
за чистење на апаратот, проверете
дали се соодветни и препорачани од
производителот.
• Користете кремасти или течни
средства за чистење кои не содржат
честички. Не употребувајте каустични
(корозивни) средства, абразивни
прашоци, метална жица или тврди
алати затоа што може да ги оштетат
површините на шпоретот.
Не употребувајте средства за
чистење кои содржат честички,
бидејќи може да го изгребат
стаклото, емајлираните и/или обоените
делови на апаратот.
• Доколку дојде до прелевање на
течност, веднаш избришете за да
спречите оштетување.
Не употребувајте чистачи на пареа
за чистење на деловите на апаратот.
• Внатрешноста на емајлираните рерни
најдобро се чисти додека рерната е
топла.
• По секоја употреба, бришете ја
рерната со мека крпа натопена во
вода со сапуница. Потоа, повторно
избришете ја рерната со мокра крпа и
исушете ја.
• Можеби ќе биде потребно да
користите течно средство за чистење
одвреме навреме, за целосно да ја
исчистите рерната.
• Редовно чистете го грејачот на
ринглата.
• Бришете ја ринглата со мека крпа
натопена само во вода. Потоа, кратко
вклучете ја ринглата за целосно да се
исуши.
• Чистете ги емајлираните делови
со мека крпа натопена во вода со
сапуница.
• Бришете ги емајлираните делови
со мека крпа натопена во вода со
сапуница. Потоа, повторно избришете
ги со мокра крпа и исушете ги.
Немојте да ги чистите емајлираните
делови по готвење додека сѐ уште
се жешки.
Не оставајте оцет, кафе, млеко, сол,
вода, лимон или сок од домати да
стои на емајлираните делови
подолго време.
• Редовно чистете ги деловите од
не’рѓосувачки челик на апаратот.
• Бришете ги деловите од не’рѓосувачки
челик со мека крпа натопена само
во вода. Потоа, добро исушете ги со
сува крпа.
Немојте да ги чистите деловите од
не’рѓосувачки челик по готвење
додека сѐ уште се жешки.
Не оставајте оцет, кафе, млеко, сол,
вода, лимон или сок од домати да
стои на деловите од не’рѓосувачки
челик подолго време.

МК - 18
• Дамките од патлиџан, сос од
патлиџан, кечап, лимон, нафтени
деривати, млеко, храна која содржи
шеќер, засладени пијалоци и кафе
треба да се исчистат веднаш со крпа
натопена во топла вода. Ако не ги
исчистите флеките и ги оставите да
се исушат на површината на која се
наоѓаат, НЕ треба да ги триете со
тврди предмети (остри предмети,
челични и пластични жици за триење,
сунѓер за садови кој може да ја
оштети површината) или средства за
чистење кои содржат високо ниво на
алкохол, средства за чистење флеки,
средства за одмастување, абразивни
хемикалии. Во спротивно, може да
дојде до корозија на површините
бојадисани со прашок и може да
останат флеки. Производителот нема
да биде одговорен за каква било
штета предизвикана од употреба на
несоодветни производи или методи
за чистење.
Пред да го чистите стаклото на вратата
на рерната, мора да ја извадите вратата,
како што е покажано подолу.
Отворете ја вратата на рерната.
Отворете ја бравата (a) (со помош на
шрафцигер) до крај.
a
Затворете ја вратата додека не стигне
речиси до целосно затворање и извадете
ја така што ќе ја повлечете кон Вас.
Одржувањето
на овој апарат треба да го врши
само овластен сервисер или
квалификуван техничар.
Пред
чистење, исклучете го апаратот и
оставете го да се излади.
• Извадете ги стаклените леќи, а потоа
извадете ја сијалицата.
• Ставете ја новата сијалица (отпорна
на 300 °C) на местото на сијалицата
која ја отстранивте (230 V, 15-25 вати,
тип E14).
• Заменете ги стаклените леќи и може
да ја користите рерната.
• Производот содржи извор на
светлина со G класа на енергетска
ефикасност.
• Крајниот корисник не може да го
заменува изворот на светлина.
Потребна е постпродажна услуга.
• Вклучениот извор на светлина не
е наменет за употреба во други
апликации.
Светилката е дизајнирана
конкретно за употреба во апарати
за готвење во домаќинството. Не е
соодветна за осветлување на соба.

МК - 19
Ако сѐ уште имате проблем со апаратот по проверката на овие основни чекори за
решавање проблеми, контактирајте со овластен сервисер или квалификуван
техничар.
Плотната или зоните за
готвење не можат да се
вклучат.
Нема напојување со
електрична енергија.
Проверете го домашниот осигурувач за
апаратот.
Проверете дали има струја со вклучување
на други електронски апарати.
Плочата за готвење создава
миризба за време на првите
неколку готвења. Нов апарат. Ставете длабока тава за готвење
наполнета со вода на секоја зона за
готвење околу 30 минути.
Рерната не се вклучува. Апаратот е исклучен. Проверете дали има струја. Проверете
дали работат другите кујнски апарати.
Рерната не се загрева.
Контролата за температурата
во рерна е неточно поставена.
Вратата на рерната е
оставена отворена.
Проверете дали контролното копче за
температурата во рерната е правилно
поставено.
Готвењето во рерната е
нерамномерно. Полиците во рерната се
неправилно поставени.
Проверете дали се користат
препорачаните температури и позиции на
полиците.
Не отварајте ја вратата често, освен
ако не готвите јадења кои треба да
се превртуваат. Ако често ја отворате
вратата, внатрешната температура ќе
биде пониска и тоа може да влијае на
резултатот од готвењето.
Светилката во рерната (ако
има) не работи.
Светилката е расипана.
Напојувањето со струја не е
поврзано или е исклучено.
Заменете ја светилката согласно
упатствата.
Проверете дали е вклучено напојувањето
со струја на ѕидниот приклучок.
Вентилаторот во рерната
(ако има) создава бучава. Полиците во рерната
вибрираат.
Проверете дали рерната е нивелирана.
Проверете дали полиците и приборот за
печење вибрираат или дали го допираат
задниот панел на рерната.
Ако треба да го транспортирате производот, користете го оригиналното пакување
на производот и пренесувајте го во оригиналната кутија. Следете ги ознаките за
транспорт на пакувањето. Залепете ги сите посебни делови за производот за да
спречите оштетување на производот за време на транспортот.
Ако го немате оригиналното пакување, подгответе кутија за носење, така што
апаратот, особено надворешната површина, да биде заштитена од надворешни
влијанија.

МК - 20
Марка
Модел EC 540 SFT
EC 540 WWFT
Вид на рерна НА СТРУЈА
Тежина кг 40,2
Индекс за енергетска ефикасност - конвенционални 93,5
Индекс за енергетска ефикасност - со вентилатор -
Енергетска класа A
Потрошувачка на енергија (струја) - конвенционални kWh/циклус 0,73
Потрошувачка на енергија (струја) - со вентилатор kWh/циклус -
Број на рерни 1
Извор на топлина НА СТРУЈА
Јачина л 55
Оваа рерна е усогласена со EN 60350-1
Совети за штедење енергија
Рерна
- Готвењето го јадењето заедно ако е можно.
- Времето за првично загревање на рерната треба да биде кратко.
- Не продолжувајте го времето за готвење.
- Не заборавајте да ја исклучите рерната на крајот на готвењето.
- Не отворајте ја вратата на рерната додека готвите.
This manual suits for next models
1
Table of contents
Languages:
Other Favor.it Cooker manuals