Favor.it F45-Y15 User manual

F45-Y15 / F45-Y15 S
MK
Машина за миење садови / Упатство за употреба

34
24
27
1

Мини активен уред за сушење: Овој систем обезбедува
подобри перформанси сушење на садовите.
2
8

3
Капацитет 10 парчиња
Висина 850 mm
Висина (без работна
површина) 820 mm
Ширина 450 mm
Длабина 598 mm
Нето тежина 35,100 kg
Влезни електрични
вредности 220-240 V, 50 Hz
Вкупна моќност 1900 W
Моќност на греење 1800 W
Моќност на пумпа 100 W
Моќност на пумпа
за одвод 30 W
Притисок на
довод на вода 0.03 MPa (0,3 bar)-1 MPa (10 bar)
Ампеража 10 A
Технички спецификации

4
Важна забелешка за корисникот:За електронска верзија
од овој прирачник, обратете се на следнава адреса:
"[email protected]”.Во Вашата е-пошта
наведете го називот и серискиот број на моделот (20
цифри), кои ќе ги најдете на вратата од апаратот.
Усогласеност со стандардите и податоците од тестовите /
Декларација за усогласеност на ЕУ
Овој производ ги исполнува побарувањата на применливите
директиви на ЕУ со соодветните усогласени стандарди
коишто ја обезбедуваат ознаката CE.

5
БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ И ПРЕПОРАКИ
Рециклирање
• Одредени компоненти, како и пакувањето на машината,
се произведени од материјали кои можат да се рецикли
раат.
• Пластичните делови се означени со меѓународни
кратенки: (>PE< , >PS< , >POM<, >PP<, )
• Картонските делови се произведени од рециклирана
хартија и треба да се фрлат во контејнер за собирање
хартија за рециклирање.
• Ваквите материјали не се наменети за фрлање во канти
за отпадоци. Истите треба да се достават до центрите за
рециклирање.
• Контактирајте со релевантните центри за добивање на
информации за начинот и местото на исфрлање.
Безбедносни информации
Кога ќе ја примите машината
• Проверете дали има оштетувања на машината или на
нејзиното пакување. Никогаш не вклучувајте машина
оштетена на каков било начин, туку стапете во контакт со
овластениот сервис.
• Отстранете ги материјалите од пакувањето како што
е наведено и исфрлете ги во согласност со важечките
правила.
На што да обрнете внимание при монтирање на
машината
• Одберете соодветно, безбедно и рамно место за
монтирање на машината.

6
• Монтирајте ја и поврзете ја машината, следејќи ги
инструкциите.
• Машината треба да ја монтираат и сервисираат
исклучиво овластени сервисери.
• За машината треба да се користат само оригинални
резервни делови.
• Пред монтирање, проверете дали машината е
исклучена од напојувањето.
• Проверете дали домашната електрична инсталација е
поврзана според важечката регулатива.
• Сите електрични поврзувања мора да одговараат на
вредностите наведени на плочката со спецификации.
• Обрнете посебно внимание машината да не е
поставена врз електричниот кабел.
• Никогаш не употребувајте продолжни кабли или
штекери со повеќе приклучни места. По монтирањето на
машината, приклучокот треба да биде лесно достапен.
• По монтирањето на машината на соодветното место,
вклучете ја празна првиот пат.
При секојдневна употреба
• Машината е наменета за домашна употреба. Не
употребувајте ја за други цели. Со комерцијална употреба
на машината се поништува нејзината гаранција.
• Не качувајте се, неседнувајте и не ставајте тежина на
отворената врата од
машината за садови. Така може да се преврти.
• Во отворите за детергент и агенс за плакнење од
машината не ставајте ништо друго освен детергенти и
агенси за плакнење кои се наменети за машинско миење
на садови. Инаку, нашата компанија не сноси одговорност

7
за штета што настанала во машината.
• Водата во делот за миење од машината не е за пиење.
Не пијте ја.
• Поради опасност од експолозија, во делот за миење
од машината не ставајте агенси за хемиско
разложување или растворувачи.
• Проверете дали пластичните предмети се отворни на
топлина пред да ги ставите во машината.
• Со апаратот може да работат деца над 8-годишна
возраст, како и лица со намалени физички, сетилни
и ментални способности или со недоволно искуство
и познавања доколку бидат под надзор или добиле
инструкции во врска со безбедната употреба на апаратот,
и ја разбираат потенцијалната опасност. Деца не треба
да си играат со апаратот.Чистењето и одржувањето на
машината не треба да го вршат деца без надзор.
• Во машината не ставајте предмети што не се погодни
за машинско миење. Исто така, не преполнувајте ги
корпите.Инаку, нашата компанија не сноси одговорност
за гребаници и ‘рѓа што ќе настанат во внатрешноста на
машината поради движења на корпите.
• Особено поради тоа што може да истече жешка вода,
вратата на машината не треба во никој случај да се
отвора додека таа работи. За секој случај, безбедносниот
систем ја запира машината ако се отвори вратата.
• Не оставајте ја вратата од машината отворена. Ова
може да предизвика незгоди.
• Ставајте ги ножевите и другите остри предмети во
кошницата за прибор за јадење со сечилото надолу.
• Доколку кабелот се оштети, треба да се замени кај
производителот, неговиот овластен сервис или слични

8
квалификувани лица за да се избегне опасност.
• Апаратот не е наменет за употреба од страна на лица
(вклучувајќи -
деца) со намалени физички, сетилни и ментални
способности или со недостиг на искуство и познавања,
освен ако не се под надзор или не добиле инструкции
за употреба на машината од лицето што е одговорно за
нивната безбедност.
• Доколку опцијата EnergySave (заштеда на енергија) е
избрана како "Yes" („Да“), вратата ќе биде
отворена на крајот на програмата. Не обидувајте се
насила да ја затворите вратата 1 минута за да се избегне
оштетување на автоматскиот механизам. Вратата треба
да биде отворена 30 минути за ефикасно да се исуши.
( кај модели со автоматски систем за отворање на
вратата )
Предупредување: Не стојте пред вратата откако ќе се
слушне сигналот што означува автоматско отворање.
За безбедност на Вашите деца
• Откако ќе го отстраните пакувањето од машината,
ставете ги материјалите подалеку од дофат на деца.
• Не им дозволувајте на децата да ја вклучуваат или да
си играат со машината.
• Држете ги детергентите и агенсите за плакнење подалеку
од дофатот на децата.
• Држете ги децата подалеку од машината кога истата
е отворена, од причина што може да има остатоци од
средствата за чистење во нејзината внатрешност.
• Вашата стара машина не смее да претставува закана за
Вашите деца. Познато е дека децата можат да се заклучат
во стари машини. За да се избегне ваквата ситуација,

9
скршете ја бравата на старата машина и отсранете ги
сите електрични кабли.
Во случај на дефекти
• Секој дефект на машината мора да се сервисира од
страна на квалификувано лице. Сите поправки што ги
вршеле неквалификувани сервисери ќе направат да се
поништи гаранцијата на машината.
• Пред сервисирањето на машината, проверете дали таа
е исклучена од напојувањето. Извадете го осигурувачот
или исклучете ја машината од штекер. Притоа не влечете
го кабелот. Исклучете ја и славината за довод.
Препораки
• Заради заштеда на енергија и вода, отсранете ги
грубите остатоци од чиниите пред истите да ги ставите
во машината. Вклучете ја машината откако целосно ќе
ја наполните. Вклучете ја машината откако целосно ќе ја
наполните.
• Користете ја програмата за предмиење само кога е тоа
потребно.
• Садовите со отвор, како чорбалаци, чаши и тенџериња
ставајте ги во
машината така што ќе бидат со отворот надолу.
• Не се препорачува во машината да се ставаат садови
кои се различни од препорачаните.
Предмети кои не се соодветни за машинско миење:
• Пепел од цигари, остатоци од свеќи, лак, боја, хемиски
супстанци, материјали од железни легури;
• Вољушки, лажици и ножеви изработени од дрво или
коска, или предмети со рачки од слонова коска, или

10
обложени со седеф, како и лепени предмети или предмети
со абразивни, ацидни или базни хемикалии.
• Пластични предмети кои не се отпорни на топлина,
бакарни или калаисани
садови.
• Алуминиумски или сребрени предмети (може да ги
изгубат бојата и сјајот).
• Одредени деликатни видови стакло, порцелан со
декоративни шари од причина што истите ќе избледат
по првото миење. Одредени кристални предмети, од
причина што со време ја губат транспарентноста. Залепен
прибор за јадење кој не е отпорен на топлина, чаши од
кристал со оловна содржина, даски за сечење, предмети
со синтетички влакна.
• Впивливи предмети како сунѓери или кујнски крпи не се
погодни за машинско миење.
Предупредување: Во иднина набавувајте садови
наменети за машинско миење.
МОНТИРАЊЕ НА МАШИНАТА
Позиционирање на машината
Кога ја избирате местоположбата за машината, внимавајте
да изберете место кое овозможува садовите лесно да се
ставаат и вадат од машината.
Не ја поставувајте машината на локација каде има
можност собната температура да падне под 0°C.
Пред позиционирање отпакувајте ја машината согласно

11
предупредувањата наведени на пакувањето.
Поставете ја машината во близина на славина за вода
или одвод. Треба да го земете предвид фактот дека
откако ќе се изврши поврзување на машината, во иднина
нема да се вршат промени кај поврзувањата.
Не влечете ги вратата или панелот за да ја паместите
машината.
Оставете доволно простор на сите страни околу
машината за да можете лесно да ја поместувате во текот
на чистењето.
Проверете дали одводните и доводните црева се
притиснати во текот на позиционирањето на машината.
Исто така, уверете се дека машината не е поставена на
електричниот кабел.
Поставете ги ногарките на машината, така што таа е ќе
биде во рамна позиција и избалансирана. Правилното
поставување на машината обезбедува отворање и
затворање на вратата без проблеми.
Ако вратата на машината не се затвора исправно,
проверете дали машината е стабилно поставена на
подот. Ако не е, тогаш прилагодете ги ногарките за да се
обезбеди стабилна позиција.
Поврзување со довод
Проверете дали внатрешниот водовод одговара за
поврзување на машина за миење садови. Исто така,

12
препорачуваме да ставите филтер онаму каде што доводот
влегува во Вашиот дом за да се избегне оштетување кое
е резултат на контаминација (песок, глина, ‘рѓа итн.) која
може да се најде во водоводната мрежа или во куќниот
водоводен систем, како и за да се избегнат пожолтување
и формирање наслаги по миењето.
Црево за довод
Не го употребувајте цревото за довод
од старата машина. Употребете го
новото доводно црево што доаѓа со
новата машина. Ако со машината сакате
да поврзете ново црево или црево кое
одамна не било користено, пуштете прво
вода низ него, па поврзете со машината.
Поврзете го цревото директно на
славината. Притисокот на славината
треба да изнесува најмалку 0.03 Mpa, а
најмногу 1 Mpa. Ако притисокот на водата
е поголем од 1 Mpa, треба да се монтира
вентилза регулирање на притисокот.
Откако ќе го поврзете цревото, отворете ја славината
целосно и проверете дали истекува вода. За безбедност
на машината, уверете се дека славината за довод е
исклучена откако ќе заврши секоја програма.
Поврзување со довод:
Имајте го предвид текстот испечатен на цревото за довод!
Ако моделите имаат ознака 25°, температурата на водата не
смее да надминува 25 °C (ладна вода). За сите други модели:
Се претпочита ладна вода, жешката вода на максимална
температура од 60 °C.

13
ЗАБЕЛЕШКА: Кај некои модели
се користи млазник Aquastop
(аквастоп). Кога се користи
Aquastop, има опасна тензија.
Не сечете го млазникот Aquastop.
Не дозволувајте да се свитка или
изврти.
Одводно црево
Одводното црево може да се поврзе
директно на отворот за одвод или
на славина за одвод на мијалникот.
Со помош на специјална свитката
цевка (ако е достапна), водата може
да истекува директно во мијалникот,
така што свитканата цевка ќе се
прикачи на работ на мијалникот.
Ваквото поврзување мора да биде
на минимум 50 cm и на максимум
110 cm од подот.

14
Предупредување: Кога се користи црево за истек
на вода кое е подолго од 4 m, садовите може да останат
валкани. Во ваков случај нашата компанија не сноси
одговорност.

15
Електрично поврзување
Заземјениот приклучок на машината треба да се поврзе со
заземјен штекер каде што има соодветен напон и струја.
Ако немате заземјување, квалификуван електричар
нека инсталира соодветна инсталација. Во случај кога
машината се користи без заземјување, нашата компанија
нема да биде одговорна за какви било загуби.
Приклучокот на овој апарат може да вклучува
осигурувач од 13A во зависност од соодветната земја.
(на пример Велика Британија.) (На пример Велика
Британија, Саудиска Арабија)
Вашата машина работи на 220-240 V. Ако напонот на
електричната мрежа во Вашата околина е 110 V,
поврзете трансформатор од 110/220 V и 3000 W.
Машината не треба да е вклучена на напојување за
време на позиционирањето.
Секогаш користете го обложениот приклучок кој е
обезбеден со Вашата машина.
Работата со мал напон ќе го намали квалитетот на
миењето.
Електричниот кабел на машината треба да го
заменуваат само овластен сервисер или квалификуван
електричар. Во спротивно може да дојде до несреќа.
Од безбедносни причини, по секое завршување на
програмата за миење, извадете го приклучокот од
штекерот.
За да не предизвикате електричен шок, не исклучувајте
го приклучокот со водени раце.
Кога ја исклучувате машината од напојување, секогаш
влечете го приклучокот. Не влечете го кабелот.

16
Вградување на машината под работната плоча
Ако сакате да ја вградите машината под работната плоча,
проверете дали има доволно простор под плочата и дали
водоводната и електричната инсталација се соодветни
за тоа.1 Ако одлучите дека просторот е соодветен за
вградување на машината, отстранете го горниот дел како
што е прикажано на сликата. 2
Предупредување:Делот каде што ќе се вгради машината
откако ќе се тргне горниот капак, мора да биде рамен за
таа да не биде нестабилна.
За да се отстрани горниот дел, отстранете ги шрафовите
кои се наоѓаат на задниот дел од машината. Потоа
турнете ја предната плоча 1 cm однапред кон назад и
повлечете нагоре.
Прилагодете ги ногарките на машината според косината

17
на подот.3 Вградете ја машината, така што ќе ја турнете
под работната површина, водејќи сметка да не се згмечат
или искриват цревата.4
Предупредување: Откако ќе го отстраните горниот капак,
машината треба да се постави во затворен простор со
димензии кои се прикажани на сликата. 3
без изолација
сите производи За 2-ри Кошница За 3-то Кошница
Висина 820 mm 830mm 835 mm
со изолација
производ

1
1
18
4
2
SALT
3
1

19
Степен на
тврдост
на водата
Германски
степени, dH
Француски
степени,
dH
Британски
степени,
dH Индикатор на тврдост на водата
1 0-5 0-9 0-6 Сијаличката за миење е вклучена.
2 6-11 10-20 7-14 Сијаличката за крај е вклучена.
3 12-17 21-30 15-21 Копчето за вклучување/
паузирање е вклучено.
4 18-22 31-40 22-28 Сијаличката за миење е вклучена.
Сијаличката за крај е вклучена.
5 23-31 41-55 29-39
Сијаличката за миење е вклучена.
Копчето за вклучување/
паузирање е вклучено.
6. 32-50 56-90 40-63
Сијаличката за крај е вклучена.
Копчето за вклучување/
паузирање е вклучено.
This manual suits for next models
1
Table of contents
Languages:
Other Favor.it Dishwasher manuals

Favor.it
Favor.it MS 7000/INOX User manual

Favor.it
Favor.it MS 5000 User manual

Favor.it
Favor.it MS 3000 INOX User manual

Favor.it
Favor.it 78022 VI User manual

Favor.it
Favor.it SI60-I14 User manual

Favor.it
Favor.it SI60-I14N User manual

Favor.it
Favor.it 35020 I User manual

Favor.it
Favor.it 86010 VI User manual

Favor.it
Favor.it E60-A24 BLDC User manual

Favor.it
Favor.it MS 3000 User manual