Поглавје 1. Извори на информации
Овој дел содржи информации за тоа каде треба да одите за дополнителни
информации за производите на Lenovo, што треба да направите ако имате
проблем со вашиот систем, и кого треба да повикате за сервис, ако е потребно.
Веб-страница на ThinkServer (www.lenovo.com/thinkserver)
Веб-страницата на ThinkServer обезбедува информации и услуги што ви помагаат
да го купите, надградите и одржувате вашиот сервер. Можете да пристапите на
ажурирани информации за вашиот сервер на веб-страницата на ThinkServer. Од
веб-страницата www.lenovo.com, можете исто така да:
vГи преземате најновите драјвери за уредот и новите верзии на софтверот за
вашиот модел на сервер
vИм пристапите на електронските упатства
vПристапите на Изјавата на Lenovo за ограничена гаранција
vИм пристапите на информациите за решавање проблеми и за поддршка за
вашиот модел на сервер и другите поддржани производи
vГи најдете телефонските броеви за сервис и поддршка за вашата земја или
регион
vНајдете сервисер лоциран блиску до вас
Документација
ЦД-то со документацијата е вклучено со вашиот сервер и ги дава следните
соопштенија:
Инсталација и упатство за корисникот
Ова соопштение содржи безбедносни информации, инструкции за
поставување, потребен хардвер и софтвер, инструкции за замена на
делови и инструкции за конфигурирање.
Инструкции за инсталација на полиците
Ова соопштение дава инструкции за тоа како да се инсталира серверот
на витрина со полици.
Безбедносни информации
Оваа повеќејазична публикација содржи забелешки за безбедноста и за
законските емисии.
Ако имате проблем со вашиот сервер, повикајте се на информациите за решавање
проблеми и за дијагностика во Инсталација и упатство за корисникот што се
вклучени во ЦД-то со документацијата. Дополнително, можете да се повикате на
Hardware Maintenance Manual што е на располагање на http://www.lenovo.com/
© Lenovo 2005, 2009. Portions © IBM Corp. 2005. 1